Реклама

Караџовски: Не бидете себични да лудувате по журки, и до година ќе бидете млади

Караџовски

Идејата дека во текот на летните месеци вирусот ќе го снемало е апсолутно неточна и стручно незидржана. Вирусот е тука, бројот на смртни случаи е намален, но тој е тука, вели шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, во изјава за 360 степени

Zito akcija 640x289px

Караџовски пособено ги критикува собирите и јавните настани на кои се прекршуваат мерките за заштита.

Agria

„Колку свадби се имаат направено во тајсност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратот. Меѓутоа, младите, исто така заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе, што починаа од 22 до 40 години“, вели за 365 степени , Жарко Караџовски

Тој потенцира дека за здравствениот систем да го издржи ударот, особено во есенските и зимските месеци кога се очекува зголемен број на респираторни заболувања, секој поединец мора да се однесува одговорно.

„Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И догодина ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас“, вели Караџовски. 

Повеќе со првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, гледајте во емисијата „360 Степени“ в понеделник на ТВ Алсат во 22:00 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11642/dvajcza-veleshani-se-stepale-vo-hodnik-na-zgrada-na-glavnata-ulicza-vo-veles/