47-годишен велешанец истепал осум години постара сограѓанка, која нападот го пријавила во полиција три дена подоцна. Инцидентот се случил во петокот околу 11 часот пред зградата во која живеела жената, во близина на СВР Велес.
„На 07.09.2020 год. во 10.00 часот во Полициската Станица Велес С.Ф.(55) од Велес пријавила дека, на 04.09.2020 год. околу 11.00 часот на ул.„Крсте Мисирков“, пред згарадата каде живее, била физички нападната од страна на А.М.(47)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Фото: google maps
Можеби ќе ве интересира: