По филмска потера, на „Штипска петља“ кај Велес фатени петмина мигранти

migranti
migranti

Полицијата фати петмина мигранти, но не успеа да го уапси возачот на аудито, во кое се возеле. Инцидентот се случил во вторникот рано утро, кога полицајци во близина на патарината Градско забележале возило, кое нагло ја зголемило брзината, а полицијата тргнала по него.

Zito akcija 640x289px

„На 08.09.2020 во 03,30 часот, при вршење редовна служба на автопатот во близина на патарина Градско, полициски службеници во правец кон Велес забележале патничко возило „ауди“ кое нагло ја зголемило брзината. Набргу потоа, возилото запрело на крајната десна коловозна лента на автопатот на неколку километри од Велес, во близина на место викано „Штипска петља“. Возачот веднаш побегнал, а во возилото имало пет мигранти и тоа тројца од Пакистан, еден од Индија и еден од Сирија“.

Agria

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е дванаесетти случај во последните четири месеци на фатени мигранти во околината на Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: