Познати се паровите за првата рунда во Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/2021.
Само 28 екипи се пријавија за влез во Купот, па првото коло мораше да помине со 4 екипи помалку од вообичаено. ФФМ ја искористи приликата да му даде некакво признание на четирите полуфиналисти од минатата сезона кои никогаш немаа шанса да ја завршат битката за трофејот. Академија Пандев, Брегалница, Шкендија и Струга ќе ја прескокнат воведната рунда и ќе започнат од следната.
Екипата на Борец ќе гостува во Македонска Каменица, на екипата Каменица Саса. Натпреварите од првата фаза во Купот се играат на 23 септември, а двојките се:
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Влазерими – Работнички
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Mожеби ќе ве интересира: