Почина момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител

pocinato momce transplantacija

Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и како дошло до влошување на неговата здравствена состојба.

Zito akcija 640x289px

Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.

Agria

На социјалните мрежи неговите роднини и пријатели веќе се простуваат од младиот Филип, кој по трансплантацијата во ноември 2018 година преку промитивно видео направено од Министерството за здравство, упати порака до сите пациенти“ да не се плашат да не читаат интернет, да ги слушаат нашите лекари и да ги жртвуваат тие неколку месеци, бидејќи, како што рече, вредат за нашиот живот“.

Филип по операцијата беше во стабилна состојба. Надлежните, министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за хематологија тогаш се пофалија дека ова е висок професионален дострел на хематолозите кој досега не се правел во нашата земја. Тие потенцираа дека се отвора можност да се лекуваат и странски пациенти на Клиниката за хематологија.

„Со ова, нашата држава стана дел од Европскиот регистар, а воедно се овозможува голема заштеда на средства, кои остануваат во здравствениот систем, рече тогаш министерот Филипче.

Сепак, лекарски извори посочуваат дека досега не е направен регистар во вистинска смисла на зборот, односно дека во тој регистар се само членови на семејствата кои имаат некој заболен со леукемија.

Инаку, коскената срцевина од несроден дарител од друга земја може да се добие по принцип, ако и нашата држава преку тој регистар даде матични клетки за потребите на некој странски пациент.

Пресадување на коскена срцевина во странство чини од 110.000 до 120.000 евра, а во некои случаи и до 250.000 евра, зависно од земјата и видот на самата интервенција и до пред трансплантацијата кај ова младо момче, се правеше исклучиво во странство.

Преземено од novatv.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: