![policija-noke](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/policija-noke.jpg?resize=618%2C287&ssl=1)
Вечерва околу 19 часот и 10 минути во полиција е пријавена дојава за непозната направа која зуела, а која беше протолкувано дека можеби е бомба.
Пријавителот дал опис дека оставените чудни предмети зујат, по што бил затворен булеварот под сомневање дека тоа е темпирана бомба.
„Веднаш се преземени соодветни мерки за обезбедување на просторот и упатени тимови за проверки, по што е утврдено дека станува збор за две ваги“, велат од МВР.
По расчистување на случајот потегот од Соборниот храм до Архитектонскиот факултет повторно е вратен во нормала и сообраќајот функционира вообичаено.
Можеби ќе ве интересира: