„Стела“ блесна на отворањето на Синедејс, двајца велешани дадоа силен печат на филмот (ГАЛЕРИЈА)

stela

Со премиерата на филмот „Стела“ на Стојан Вујичиќ, синоќа беше отворено деветнаесеттото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Zito akcija 640x289px

Просторот одреден за кинопроекцијата во Градски Парк беше исполнет до последно место, а на премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ присуствуваа бројни претставници на медиумите, културната и филмска фела во земјава, како и бројна публика. Билетите за премиерата на „Стела“ беа распродадени онлајн за околу час и половина.

Agria

Во филмот главните улоги ги толкуваат младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, монтажата ја потпишува велешанецот Данчо Стефков, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Стојан Вујичиќ – режисер на „Стела“

„Поради ситуацијата со коронавирусот, премиерата се одолговлечи, па затоа и возбудата е поголема. Иако имам работено на многу филмови, вечерва се чувствувам како „Стела“ да ми е прв филм. Јас со овој фил живеам повеќе од една и пол година. Бидејќи во текот на снимањето на филот работев и „дејлис“, присутен сум од самиот почеток на неговото екранизирање и затоа го чувствувам како свое чедо“, рече монтажерот Стефков, кој вели дека Велес отсекогаш имал и ќе има добри уметници, подготвени за големи дела.

Данчо Стефков – монтажер на филтот

Приказната води низ Германија – Македонија – Галичник, заокружува еден семеен животен пат, а кучето Стела е шарпланинец, оној кој се наоѓа на едноденарката, во филмот прикажан како симбол на спојување и пријателство, но и важна алка од самоспознавањето на младиот лик Никола. Тој по бурата меѓу родителите и задевањето од врсниците има обид за самоубиство, па изгледа дека никој не може да допре до него. Престанува со секаква вербална коминикација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина.

Дејан Лилиќ толкува еден од главните ликови во „Стела“

Дедото, пак, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, за во текот на оваа 90-минутна авантура да станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство.

Во улогата на Петар се појавува младиот Петар Маниќ, а еден од главните ликови е и шарпланинката Стела, за чија дресура беше задолжен уште еден велешанец – професионалниот дресер Ристе Гиовски.

Петар Маниќ и шарпланинката Стела – главните протагонисти во филмот

„Ова е првата проба да направиме семеен и детски филм во Македонија, никогаш не е направено ниту во бивша Југославија. Се надевам успеавме, колку како – не знаеме. Ова е филм за нашите деца. Јас и (режисерот) Стојан го посветивме на нашите деца, на сите ваши деца и на сите деца што допрва ќе се родат. Сакаме петте човечки вредности – љубов, мир, ненасилство, вистини и правилно дејствување – да ги пренесете на вашите деца“, рече продуцентот Огнен Антов пред публиката по завршувањето на филмот.

Првичните импресии од „Стела“ се дека екипата одговори на предизвикот да го направи првиот македонски семеен детски филм на јазик што е разбирлив за децата и допира до возрасните и да ја оправда еуфоријата околу долгоочекуваниот филм, во чија срж е важноста на детето во семејството и светот воопшто. А за младиот Петар Маниќ, кому ова му е прва улога во долгометражен филм, со увереност може да се каже дека неговата актерска ѕвезда допрва блеснува.

Во следните неколку денови, Батали.нет, преку видео материјал во продолженија, ќе ви ја пренесе атмосферата од промоцијата на „Стела“ и изјавите од актерите и филмската екипа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: