Симптомите на грип и коронавирус се релативно слични, но со некои разлики. Покачена телесна температура е првиот знак на коронавирус, а грипот започнува со кашлица.
Добивањето ковид-19 и грип истовремено може да биде фатално и за здрава, помлада популација. Смртноста не е висока, но прашање е што нè чека во наредниот период и каква ќе биде клиничката слика токму поради непредвидливоста на вирусот.
За да се заштитиме, носењето заштитни маски е задолжително, поготово во затворени простории. Да се избегнува физички допир, односно ракување, и да се мијат рацете почесто, или дезинфицираат.
Можеби ќе ве интересира: