41-годишен велешанец утрово е уапсен, откако полицијата го фатила како пренесува мигранти. Велешанецот во два часот по полноќ на обиколницата Табановце од својот автомобил оставил тројца мигранти и заминал. Полицајци го забележале и кај кумановското село Воиновиќ го сопреле, па го уапсиле.
„На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка“, соопшти плицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: