Реклама

ПЕТ НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ДВАЈЦА СОМНИТЕЛНИ СЕ ТЕСТИРААТ, АЕРОДРОМОТ СКОПЈЕ СЕ ЗАТВОРА

Пет нови случаи на заразени со коронавирус се откриени, откако нивните тестови попладнево биле позитивни, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

„Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијаностицирани кои што ќе треба да се потврдат. Утрово беа тестирани седум лица, негативни се резултати на тројца лица од Дебар, на двете лица чии резултати стигнаа од Штип и едно лице на инфективната во Скопје. Позитивни се резултатите на една пациентка во Скопје, има 54 години се вратила од Холандија, развила симптоми, и денеска се јавила на преглед на Инфективна, била во домашна самоизолација, според нејзиниот исказ, а во моментов се контактираат 31 лице кои биле со неа во авионот“, рече министерот Филипче.

Agria

Во болницата на Жан Митрев се пожалиле на симптоми двајцата луѓе, тие се позитивни, но ќе треба тие тестови да се потврдат. Сега на Клиника за инфективни болести има 14 пациенти, вели Филипче. 

Ќе се затворат сите гранични премини, одлучила Владата. Се затвора и Аеродромот во Скопје по 48 часа. 

Со новозаболените, вкупната бројка на заразени во Македонија се искачи на 23.

Веднаш по Филипче, прес конференција одржа и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој апелираше до граѓаните да не патуваат надвор од земјава, но апелираше и до Македонците кои во моментов се наоѓаат во странство, а кои имаат регулиран престој во таа странска држава, да го одложат враќањето дома.

„Апел до макеоднските граѓани да не се патува, бидејќи е крајно неизвесно и апел до нашите во странство со регулиран престој, да се воздржат и да не се враќаат сега. Имаме информација дека Европската унија ќе ги затвори границите на шенген зоната. Сега е време да седиме дома и да бидеме трпеливи. Граничните премини на трети држави не зависат од нас“, рече Димитров.