Велешкото обвинителство покрена истрага против 24-годишен велешанец, кај кого полицијата пронашла хероин. Осомничениот дрогата ја криел во топче од киндер јајце, кое пак, го ставил во долната облека.
„Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе“, соопшти Основното јавно обвинителство Велес.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.
Истрагата за 24-годишниот велешанец се покренува поради сомневање дека строрил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интерсира: