Тешко е повреден полицаец, кој на улицата „Првомајска“ се обидел да запре возило кое најверојатно се движело со брзина над дозволената.
Полицискиот припадник е пренесен на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
Настанот се случил околу еден часот по полноќ, кога сообраќајната полициска екипа во населбата Пинтија во Скопје стопирала возила кои движеле со брзина над дозволената.
Сообраќајниот полицаец во овој случај, обидувајќи се да го запре возилото со цел да го легитимира возачот, бил удрен од возилото.
„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Извор: libertas
Moжеби ќе ве интересира: