(ВИДЕО) Младиот репрезентативен голман Јанков го спречи Борец да слави против Работнички

borec-rabotnici

Борец не успеа да го победи Работнички и во нивната шеста меѓусебна пресметка. Денеска пречка за ова беше репрезентативниот голма до 21 година Ристо Јанков, кој на два пати успеа да му одбрани вистински зицери на домашниот напаѓач Никола Радовиќ.

Zito akcija 640x289px

Борец беше далеку подобар ривал, домашните играчи имаа повеќе од играта и избраниците на Горазд Михајлов беа единствените кои ги посакуваа трите бода на овој натпревар, но сепак дефанзивно ориентираниот Работнички успеа да одолее и се избори за „нула“ на гостувањето.

Agria

Најдобар поединец на средбата во Велес беше голманот Јанков, кој во неколку наврати беше сигурен на гол линијата и му овозможи на својот Работнички да се врати со бод во македонската престолнина.

Стартот на мечот мина во почетна атмосфера која ја одбележаа ударите од далечина. Муарем Муарем го истестира и тоа убаво Мустафа, но домашниот голман сконцентриран. На другата страна Прелчец се обидува но покрај гол.

Во 12. Минута првата и воедно и единствена екстра шанса во првиот дел. Силва за Пречец, овој од прва, високо, но прецизно за Радовиќ кој успева да ја се намести убаво и да шутира од десетина метри откосо. Јанков не попусто е нашиот репрезентативен голман до 21 година. Во својата прва интервенција спасува чист гол, ја испраќа топката во корнер. Борец можеше од оваа ситуација да поведе, но тоа не се случи. Петковски на спротивната страна реагираше добро но шутираше покрај голот, а Марио Станковски го имаше ударот од работ на шеснаесетникот кој беше за малку непрецизен. Стојчевски со глава од корнер ја имаше последната ситуација во првиот дел.

Второто полувреме не донесе нешто поинакво во однос на силите. Борец понаметлив Работнички чека грешка. Домашните втор пат промашија зицер и по втор пат Радовиќ во шанса, и по втор пат од него подобар Ристе Јанков. Марио Станковски направи велемајсторски потег пронаоѓајки го Радовиќ во шеснаесетникот овој излезе сам пред Јанков, шутираше но голманот на Работнички уште еднаш поуспешен од Србинот.

По овој момент ниту една од двете екипи не успеа да се закани кој противничкиот гол и да даде до знаење дека сака да победи на овој меч, и мечот едноставно немаше друга опција освен да заврши 0:0.

За Борец, ова беше четврти натпревар без пораз во Првата македонска фудбалска лига, но фудбалерите на Михајлов со прикажаната игра, заслужија да стигнат и до трета последователна победа, која за момент ќе ги однесеше на врвот на табелата.

Вака, тимот од Велес останува на третата позиција со 12 освоени бода по седум одиграни меча, додека Работнички со 10 поени е на петтото место.

Погледнете ги изјавите на фудбалерот на Борец Стојан Стојчевски и тренерот на велешани Горазд Михајлов:

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: