Реклама

Две нови „бомби“ ја потврдуваат политичката позадина на затворањето на А1 ТВ

На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија.

Zito akcija 640x289px

Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска а во разговорот на интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.

Agria

Втората „бомба“ открива разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.

Шврговски обвиниението протов А1 го креира во кабинетот на премиерот Груевски.

Во првиот како што се тврди во објавата разговараат тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во разговорот на интерфон учествува и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Од разговорот кој се слуша се открива дека целта на случајот “Пајажина” не била да се наплатат парите кои наводно ги должи А1 Тв тука дека главна цел на таа операција била затворањето на тој медиум

Според кажувањето на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, Управата за јавни приходи немала за цел да го наплати долгот од 7 милиона евра кои според властите бил стакнат на основа на затајување данок туку дека целата операција се водела со цел да се угаси А1 Тв.

Никола Груевски ја бара Гордана Јанкуловска за да ја праша зошто не се одземени пари од сметката на А1 Тв. Не е јасно од разговорот во кое својство Гордана Јанкуловска учествува во овој разговор со оглед на фактот што станува збор за проблематика која е надвор од најзините ингеренции како министер за внатрешни работи.

НГ: Горде, да прашам вака твое мислење со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со Пајажина. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он.

ГЈ: Ама они ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат.

НГ: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со нешто извршно решение, еве ќе ти го дадам.Потоа во разговорот се вклучува тогашниот јавен обвинител Шврговски кои во моментот додека се води разговорот се наоѓа во кабинетот на тогашниот премиер.

ЉШ: Ало Горде здраво, еј види знаеш што ми е, мислам сега веке е касно мислам дека кај направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари сеа мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони , колку има тамо, евра ли…

ГЈ: ДА ДА ДА, Според управа за јавни проходи.

ЉШ: Епа зошто не го активиравме ние тоа решение, фирмата ке нема во рок од 45 дена да плати и во стечај ке ја фрлевме.

ГЈ: Знаеш што мислам Љубчо, зашто управа не го активираше, зошто они ако наплатат даночен долг, после не можеш да ги гониш за истото дело.

ЉШ: Не е точно не е точно!

Преслушајте го целиот разговор:

Латас и директорот на УЈП, Горан Трајковски договараат стратегија за затворање на А1

Втората „бомба” е разговор кој, како што се тврди на Јутјуб каналот, се води помеѓу новинарот Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски. Од разговорот се открива дека „странци” бараат објаснувања за случајот А1.

ГТ: Смртно се интересираа за А1 кога ќе им е….м….Кога ќе им наплатиме . Во моментот пијат кафе кај мене у ходник а Весна ми кажува дека во правда има некој прес и дека од таму излегла бува дека сум седнал и сум почнал преговори за А1. И сега и велам на Весна да пушти дека ниту преговарам ниту имам намера да преговарам за разликите околу ставовите.

ДПЛ: Ти нема што да преговараш

ГТ: Ма нека се носат…гони гу у п…м…

ДПЛ: Мислам дека треба да има стечај и по закон да им се одземе опремата а на сите други да им се каже дека се навработени и од сабајле да ве нема повеќе тука.

ГТ: Дента се носи решение и сите се без работа. Тоа е по сила на закон. Дента се носи решение и по сила на закон дента се сите без работа.

ДПЛ: Да да..тоа е најдобриот начин.

ДПЛ: Ти кога може да побараш стечај?

ГТ: Уфф, еве сега ги правиме математиките и има различни математики. Најпесимистички е 5 август. Во моментов сме симнати на 15 јули.

ДПЛ: Па 15 јули е добар датум. На одмор се сите никој жив нема, кој видел видел кој невидел..невидел..

ГТ: Ќе си течат дејствија и ние секој ден си работиме на нивна тема.

ДПЛ: И со стечај секој и во Европа ќе те разбере . Фирма должи 9 милиона и оди во стечај……..

Преслушајте го целиот разговор:

Од двата разговора објавени синоќа на Јутјуб каналот Fenix A1 се заклучува дека постапката за затворање на А1 Тв се водела во политички кругови и надвор од законски релевантните институции на правосудиот систем.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13759/najmnogu-do-segavo-hrvatska-se-registirani-542-novi-sluchai-na-kovid-19/