Реклама

Притвор за велешанецот во чиј дом полицијата најде марихуана и хашиш

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-362.png

Велешкиот суд му определни притвор на 26-годишниот велешанец, во чиј дом полицијата завчеравечер пронајде марихуана и хашиш. Притворот го побарало обвинителството, бидејќи постоел основан страв осомничениот да избега, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Zito akcija 640x289px

Во исто време, Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 26-годишниот велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Agria

„Осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 1229 грама сместена во 4 стаклени тегли и наркотична дрога – хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на Наредба донесена од судија на претходна постапка“, соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.

Полицијата влезе во домот на 26-годишниот велешанец во вторникот пред полноќ, кога при претрес ги откри недозволените супстанци. Во исто време, на автопатот Неготино – Демир Капија велешката полиција фати двајца велешани на 34 и 44-годишна возраст, осомничени дека биле дилери на дрога.

Можеби ќе ве интересира:

Двајца велешани уапсени за дрога

https://batali.net/13774/dvajcza-veleshani-uapseni-za-droga/embed/