Велешанец со иницијали Т.М. на 35-годишна возраст вчера бил нападнат од пет години постар сограѓанин. Тепачката се случила околу 10:50 минути, во индустриската зона, близу велешка Топилница.
„На 08.10.2020 во Полициската станица Велес, Т.М.(35) од Велес пријавил дека околу 10.50 часот на ул.„Васа Кошулчева“ бил физички нападнат од И.Н.(40)“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: