Седуммина велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа, кога во земјава се регистрирани рекордни 445 нови случаи. Во истиот период деветмина пациенти ја загубија битката со болеста. Новите случаи се откриени, откако во земјава за едно деноноќие се направени 2441 тестирање.
Повеќе од половината новозаразени доаѓаат од Скопје, каде се регистрирани 249 нови случаи. Двоцифрена бројка на новоинфицирани има уште во осум градови во земјава, а најмногу случаи, после Скопје се регистрирани во Струмица 36 и во Прилеп 25. Следуваат Тетово со 16, Битола со 14, Штип со 13 и Охрид, Куманово и Гостивар со по 12 нови случаи. Во Велес, Радовиш и Струга се регистрирани по седум случаи, во Кочани и Кичево по шест, во Крива Паланка пет, во Свети Николе четири, во Кaвадарци и Виница по три, во Гевгелија, Берово и Делчево по два и во Пробиштип и Ресен по еден нов случај на коронавирус.
Починаа двајца пациенти од Скопје на 72 и 62-годишна возраст, двајца пациенти од Струга на 58 и 65-годишна возраст, еден пациент од Куманово на 66-годишна возраст, еден пациент од Струмица на 80-годишна возраст, еден пациент од Крива Паланка на 83-годишна возраст, еден пациент од Пробиштип на 60-годишна возраст и еден пациент од Свети Николе на 65-годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти, од кои еден од Велес, иако од велешката болница претходно денеска соопштија дека од болница испишале девет пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.
Можеби ќе ве интересира: