Европа ги враќа драстичните мерки, кафулињата се затвораат, воведен е полициски час

Zatvoreni kafulinja Holandija
Zatvoreni kafulinja Holandija

Европските држави ги обновуваат ограничувачките мерки за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот, сè уште се спротивставуваат на целосниот прекин на социјалните активности, но затвораат училишта, откажуваат неитни медицински процедури и вработуваат студенти по медицина.

Zito akcija 640x289px

Француската влада вчера донесе извршна наредба за воведување на итна здравствена состојба што стапува на сила на полноќ во сабота, 17 октомври, на целата територија на државата заради влошената состојба на епидемијата ковида-19.

Agria

Од овој викенд се воведува полициски час од 21 до 6 часот по средноевропско време во неколку поголеми градови во земјата каде што епидемијата брзо се шири, како што се Париз и околината, Марсеј, Лион, Монпелје, Лил и Тулуз.

Ова значи дека рестораните, баровите, театрите и кината ќе се затворат во 21 часот.

Чешка, европска земја со најголем број заразени лица по глава на жител, ги премести часовите на интернет и планира да испрати илјадници студенти по медицина на терен. Болниците откажуваат процедури кои не се итни за да се ослободат од креветите.

Полска ја забрза обуката за медицинските сестри и размислува да отвори полски воени болници.

Во исто време, во Москва наставата се одржува преку интернет, а Северна Ирска ги затвора училиштата на две недели.

Политичарите во Германија размислуваат дали да ги продолжат училишните одмори околу Божиќ и Нова година за да ја спречат заразата, иако критичарите велат дека нема докази дека училиштата се жаришта на вирусот.

Холандија ги затвори кафулиња и рестораните, но ги остави училиштата отворени.

Дневниот број на новозаразени во Европа е во просек 100 илјади, што е третина од вкупниот глобален раст на бројот на нови случаи во светот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: