Денеска претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (над 30 л/м2). Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 13 до 25 степени.
Прогноза за сабота, недела и понеделник:
Можеби ќе ве интересира: