Лекар и стоматолог од штипскиот затвор се позитивни на коронавирус

Zatvor Stip
Zatvor Stip

Затворскиот лекар и стоматолог во штипскиот затвор се позитивни на корона вирус. И двајцата имале контакт со осуденикот што пред една недела беше утврдено дека има Ковид 19. Стоматологот му вадел заб на осуденикот еден ден пред тој да развие симптоми.

Zito akcija 640x289px

Претпоставка е дека лекарот се заразил по секојдневните контакти со него. Негативен е единствено медицинскиот техничар кој сега заедно со лекарски тимови од Итнната медицинска помош се грижи за здравјето  на осудениците што од пред една недела се во изолација.

Agria

Дополнително во карантин се ставени уште двајца осуденици кои имале контакт со затворскиот стоматолог. На работа не се и двајца вработени од затворската полиција, за нив е закажано тестирање преку матичните лекари бидејќи имале контакт со заболено лице, но контакот не му е познат на Тодоров.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: