Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час, вели за порталот „А1он“ Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките.
„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме, зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, вели директорот Стојанов за „А1он“.
Тој апелира да се носат маски оти, засега, нема друга алтернатива за заштита од вирусот, но разочаран е од олабавениот однос на граѓаните кои во секој момент може да станат пациенти.
Целиот текст прочитајте го на А1он.
Можеби ќе ве интересира: