Во една ноќ тројца починаа од ковид-19 во велешката болница

infektivno veles
infektivno veles

Тројца пациенти починаа ноќеска во велешката болница, како последица од ковид-19. Ова е прв пат во еден ден во Велес да починат повеќе пациенти. Починаа маж на 62-годишна возраст и жена на истата возраст од Велес и 69-годишен пациент од Свети Николе. Со новите починати, од почетокот на епидемијата до денеска, битката со коронавирусот ја изгубија 20 велешани.

Zito akcija 640x289px

Утрово состанок одржа Кризниот штаб за заштита и спасување, кој состојбата со коронавирусот ја оцени како алармантна. Штабот информира дека до 11 часот потврдени се осум новозаразени и тројца оздравени велешни.

Agria

“Вирусот е широко распространет, голем дел од заразените не можат точно да утврдат каде се заразиле. Сериозна станува и состојбата во велешката болница. Таму доаѓаат се повеќе пациенти со тешки симптоми, капацитетот се исполнува. Се размислува физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19”, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес и прв човек на Кризниот штаб.

Тој информираше дека во велешката болница има три медицински сестри и еден административен работник позитивни на коронавирус.

Во моментов, на инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 35 пациенти, од кои 33 се потврдени позитивни на ковид-19, двајца се негативни, но имаат потешка клиничка слика. Од нив, 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.

Во моментов 106 велешани се водат како активни случаи. Од нив 79 се на домашно лекување, 29 се хоспитализирани на инфективното одделение во велешката болница, двајца се на Инфективната клиника во Скопје, двајца се лекуваат во Градската општа болница во Скопје, еден на клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

Од почетокот на епидемијата до денеска во Велес се регистрирани 446 заразени, од кои 322 оздравеа, а 20 починаа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: