Воспитувачка од велешката градинка е позитивна на коронавирус. Таа ги добила првите симптоми пред пет дена и веднаш се изолирала и не доаѓала на работа. Воспитувачката е вработена во градинката кај училиштето „Кирил и Методиј“. Од Центарот за јавно здравје велат дека поради совесниот однос на воспитачката кон околината, освен членовите на нејзиното семејство, немало потреба од изолација на вработени или деца од градинката.
“Веднаш откако ги добила симптомите и се изолирала, жената направила тестирање во приватна лабораторија, кое покажало позитивен резултат. Од направената епидемиолошка анкета се утврди дека жената ги почитувала протоколите, носела заштитна опрема и одржувала дистанца, па затоа е проценето дека нема потреба од ставање во изолација на било кого од градинката. Просториите во градинката ќе бидат дезинфицирани и работата ќе продолжи да се одвива нормално. Во изолација се ставени единствено членовите на нејзиното потесно семејство“, рече Анастасија Иванова, директорка на ЦЈЗ Велес.
Ова е втор случај на вработен во оваа установа, кај кого е утврден позитивен тест на коронавирус. Пред три недели негувателка од градинката која се наоѓа близу „Меаната на Даце“ беше позитивна на тестот. Случајот предизвика многу контроверзии, откако негувателката прво направила тест чиј резултат бил негативен, со што заминала во соседна Србија, за подоцна, приватната лабораторија која го правела тестот, во Министерството за здравство да го пријави резултатот како позитивен. Поради тоа, пет деца од градинката, со кои негувателката била во контакт и нејзина колешка беа ставени во изолација.
Можеби ќе ве интересира: