Реклама

Борец во Струмица по нови три бода

Одлична шанса за нови три бода и зацврснување во горниот дел на табелата е пред фудбалерите на Борец. Во рамките на десеттото коло, велешани во недела (14:30 часот) се апсолутни фаворити на натпреварот во Струмица со „фенерџијата“, екипата на Беласица, која во деветте одиграни натпревари до сега има само еден бод и гол разлика од три постигнати и дури 24 примени голови.

Zito akcija 640x289px

Во таборот на велешани владее оптимизам, но и внимателност пред дуелот со Беласица. Домаќините загубија многу бодови, но рано е да се прогласат за второлигаши, бидејќи има уште многу да се игра во првенството. Едиствениот бод што го освоија струмичани е на домашен терен против Ренова, екипа која исто така му откина значајни два бода и на Борец во Велес. Играчот за врска на Борец Марјан Ристовски вели дека неговата екипа оваа сезона игра добро на гости и ветува дека така ќе биде и на натпреварот со Беласица.

Agria

„Иако лошо ја почна сезоната, мислам дека Беласица не е екипа за потценување, но и покрај тоа, ние атакуваме на победа. До сега докажавме дека можеме да играме добар фудбал на гости и да се надигруваме со секого. Ги победивме Вардар и Силекс, одигравме реми со Шкендија, така што и во овој дуел влегуваме со сите сили да ги освоиме трите бода и да останеме во трка за горниот дел на табелата“, рече Ристовски.

Марјан Ристевски

Во последните три меѓусебни дуели кои Борец и Беласица ги одиграа како второлигаши пред повеќе од две години, двете екипи имаат по една победа, а еден натпревар заврши без победник. Два меча се одиграа во Велес, а еден во Струмица. Сепак, Борец во тие натпревари не успеа да освои ниту бод на гости кај Беласица. Затоа, тренерот на велешани Горазд Михајлов е внимателен пред нивниот нов дуел. Вели дека на мечот гледа како и на секој друг и дека само со добра игра и залагање, бодовите можат да се освојат.

Gorazd Mihajlov 15.08.
Горазд Михајлов

„Дуелот со Беласица е натпревар како и секој друг досега. Ние го почитуваме домаќинот, нивното место на табелата не смее да не залаже. Напротив, ќе настапиме со максимален пристап, како и на секој меч до сега. Императив кај сите е да избориме позитивен резултат, а тоа е победа и да продолжиме со добрите игри и резултати. Верувам во играчите и секој кој ќе истрча утре, ќе го даде својот максимум“, рече Горазд Михајлов.

Неизвесен е настапот на Фернандо Силва, кој на натпреварот со Македонија Ѓ.П. обнови стара повреда на мускулот. По девет одиграни кола, Борец е на четвртото место со 15 освоени бодови и заостанува само еден бод од Македонија Ѓ.П. Доколку велешани се вратат од Струмица со три бода, ќе имаат одлична шанса да врзат нова серија добри резултати, бидејќи во следните две кола се домаќини на Пелистер, па на Вардар, со што сериозно ќе се наметнат за врвот на табелата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14543/so-pobedata-nad-prespa-borecz-ostana-vo-trka-za-plej-of/