Да ме прашавте пред неколку години што мислам дека е моето најголемо достигнување, најверојатно ќе кажев нешто околу успесите поврзани со кариерата или финансиски добивки. Или нешто за моите патувања низ светот. Бев поттикната од заработката на пари и во таа насока размислував за успехот. Пречкртував нешта од мојот список сметајќи дека колку повеќе постигнувам, толку посреќна ќе бидам. Но, мое драго дете, во изминатите, кратки 3,5 години откако сум мајка, 1.352 дена, да бидам попрецизна, сфатив нешто. Нешто што и ти треба да го знаеш. Без разлика на сè, ништо друго што ќе направам во животот нема да биде толку одлично како фактот дека сум твоја мајка.
Моите достигнувања не се мерат во пари, се мерат во прегратки и бакнежи. И секојпат кога ќе си кажеме „те сакам“. Моите достигнувања не се мерат според пофалбите од другите луѓе, туку се дефинирани од фактот дека те сакам и дека никогаш нема да престанам. Моите достигнувања се дефинирани со вистината дека сум со тебе, без разлика на сè. Со вистината дека сум твојот најголем обожавател. Твојот заштитник. Твојот учител. Твојот пријател. Твојот човек од доверба. Моите достигнувања се дефинирани со вистината дека секогаш ќе бидам горда на тебе. Дека ќе те сакам безусловно, секогаш и засекогаш.
Да, постојат моменти кога постигнувам некои навистина одлични работи во животот, настрана од тоа што сум твоја мајка. Моменти што ги славам. Некои се во основа финансиски, некои во однос на кариерата, некои се само нешта што сакам да ги постигнам и сакам да ги спроведам. Дали сум горда на нив? Се разбира дека сум. Сакам да ти бидам пример дека можеш да постигнеш сè што сакаш во животот. Овие моменти, сепак, не се ни блиску до фактот дека сум премногу горда што сум твоја мајка.
Дете мое, ниту една сума на пари во светот не може да го купи чувството кога твоите мали рачиња ме прегрнуваат. Чувството на неизмерна среќа што го имам кога те гледам тебе среќно. Никакви пари не можат да ја купат специјалната врска што ја имаме. Моето најголемо достигнување секогаш ќе бидеш ти. Нема да лажам, нема секогаш да е лесно. Понекогаш ќе има моменти на исцрпеност. Моменти на фрустрација, моменти на солзи. Моменти кога очајно ќе ми треба малку време сама со себе. Но, секогаш ќе те избирам тебе.
Знам дека некои луѓе не го гледаат мајчинството како достигнување. Како да е нешто што е дел од животот. Но, не те гледаат како што јас те гледам. Некои луѓе дури и се прашуваат зошто се откажав од успешна кариера за да бидам дома со тебе. Но, тие не те познаваат како што те познавам јас. Не знаат дека јас бев избрана да ти бидам мајка. Дека ни било судено да бидеме заедно. Тие не знаат каква чест е да се биде твоја мајка.
Па така, мое слатко дете, ова е вистината.
Ти си мојата животна работа. Ти си моето наследство на светот.
Ти, дете мое, си моето најголемо достигнување и секогаш ќе бидеш.
Извор: Горда среќна мајка
Moжеби ќе ве интересира: