Полицијата во четирите дена од продолжениот викенд казни 184 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 86 казни, а во Неготино 49 граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 23./26.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 319 лица, и тоа, 184 во Велес, 86 во Кавадарци и 49 во Неготино“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Од почетокот на месец октомври, полицијата казни близу 1300 велешани за неносење маски. Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: