Во велешката болница од ковид-19 утрово почина свештеник на МПЦ

infektivno veles
infektivno veles

Маж на возраст од 58 години почина утрово на инфективното одделение во велешката болница како последица од ковид-19. Тој бил примен во болница пред четири дена.

„Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Батали.нет дознава дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА. Тој е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата. Минатата недела инфективното одделение во велешката болница броеше девет починати. Црниот биланс продолжува и во новата недела.

На одделението во моментов се хоспитализирани 41 пацинент, од кои 32 имаат потврдени позитивни тестови, а девет се сомнителни случаи. Дури 15 пациенти се на кислородна поддршка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ со „Галеб“ на престижниот фестивал „Театар на тврдината“ во Смедерево
Топлотен бран во Македонија, се очекува температура до 41 степен
Српски државјанин излетал со автомобил од автопат кај Велес, сопатничката тешко повредена