Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот фб профил вечерва објави дека дека е позитивен на Ковид-19.
Спасовски пишува дека клиничката слика му е добра, дека има само благи симптоми и дека веќе е во домашна самоизолација.
Тој досега два пати беше во самоизолација поради контакти со лица позитивни на коронавирусот, но тогаш резултатите од тестирањата му беа негативни.
Денеска Спасовски заедно со премиерот Зоран Заев беше на велешкото езеро Младост, каде што по повод јубилејот 75 години од основањето на ООН, засадија садници на опожарениот предел.
https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1750149325162683Можеби ќе ве интересира: