Реклама

Чулев: Со смртта на Ангеловски МВР изгуби голем професионалец

„Утрово со неверување ја примив веста дека синоќа на Инфективната клиника во Скопје починал Игор Ангеловски – Гиле. Тој беше вработен во Министерството за внатрешни работи и за време на техничката Влада од моја страна беше назначен за Началник на Секторот за внатрешни работи во Велес“, пишува во фејсбук статусот на поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Zito akcija 640x289px

„Игор беше исклучително храбро и силно момче, спортист и полициски службеник во вистинска смисла на зборот. Позади себе ја имаше поминато речиси цела хиерарска поставеност во полицијата. Беше чесен и одговорен човек кој ја сакаше својата работа и со целото свое срце беше посветен на работните обврски во Министерството за внатрешни работи.

Agria

МВР изгуби голем професионалец, сите ние кои го познававме изгубивме вистински пријател, а неговото семејство го изгуби столбот, тој беше сопруг и татко на две деца. Нема зборови со кои може да се долови тагата и болката од прераната загуба на младиот живот. Почивај во мир Игор!“, пишува Чулев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14704/kako-posledicza-na-kovid-19-pochina-poraneshniot-nachalnik-na-svr-veles-igor-angelovski/