Со потврден позитивен тест за ковид-19 колега на починатиот полицаец Игор Ангеловски присуствувал на неговиот погреб

veles mladinski
veles mladinski

Со потврден позитивен тест, колега на прерано починатиот полицаец Игор Ангеловски, присуствувал на неговиот погреб, кој се одржа вчера на градските гробишта во Раштани, кај Велес, тврдат за Батали.нет луѓе кои биле на погребот, но кои сакаат да останат аноними. Според истите извори, колегата на починатиот имал решение за изолација поради неговиот позитивен тест, но и тоа не го спречило да дојде на погребот.

Zito akcija 640x289px

Овие извори за Батали.нет велат дека на погребот присуствувале стотина луѓе, меѓу кои и вработени во СВР Велес. Тоа е спротивно на протоколите за заштита од вирусот, кои предвидуваат на погреб да присуствуваат најмногу до 30 луѓе. Голем дел од присутните држеле дистанца и носеле заштитни маски, но имало и такви кои не се придржувале до препораките за заштита од коронавирусот.

Agria

„Стотина луѓе беа на погребот. Меѓу нив го забележав и вработениот во СВР Велес за кој знам дека има позитивен тест и дека има решение за изолација. Стравувам дека огромното присуство на погребот, а меѓу нив и на човек инфициран со коронавирус, може да предизвика кластер на зараза, со несогледливи последици по градот“, вели нашиот извор.

Началникот на СВР Велес Злате Јаневски потврди дека и до него стигнале овие информации. Вели дека за понатамошни постапки СВР Велес ќе се координира со надлежното јавно обвинителство.

„Сакам да изразам сочувство до семејството на нашиот прерано починат колега. И јас сакав да присусвувам на погребот, но протоколите наложуваат присуство на најмногу 30 луѓе, па затоа со колегите од раководството на СВР Велес решивме да не одиме и да оставиме простор за најблиските. До мене дојдоа информации дека вработен во СВР Велес кој е позитивен на коронавирус и кој има решение за изолација бил на погребот. Точно е и тоа дека на погребот присуствувале повеќе луѓе од она што пропишува протоколот за вакви настани. До нас не стигнало никаво барање за присуство на поголем број луѓе, ниту пак смееме да издаваме такви одобренија, бидејќи протоколот е јасен и не смее да има отстапки за никого. Ќе се координираме со надлежното јавно обвинителство“, рече Злате Јаневски, началник на СВР Велес.

Поранешниот началник на СВР Игор Ангеловски почина завчера на Инфективната клиника во Скопје, како последица од компликации од коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: