(ФОТО) Наместо да спречуваат прекршување на закон, со пцовки, навреди и закани, полицајци од СВР Велес го поддржуваат неговото прекршување

Канонада од напади, навреди, пцовки и закани доби редакцијата на порталот Батали.нет, откако ја објави веста дека на погреб на полицаец од Велес, присуствувал негов колега, кој имал позитивен тест на коронавирус и кој имал решение за изолација. Веста официјално ја потврди и СВР Велес, кој најави дека во координација со обвинителството ќе постапува по случајот.

Zito akcija 640x289px

Читателската публика секако има право да коментира, дотолку повеќе што вестите се објавуваат јавно и подлежат на критика на јавноста. Но, несфатливо е да се сатанизира медиум кој објавил вест дека е прекршен закон, а тоа го потврдил и официјален извор, во случајов началник на СВР. Несфатливо е да се сатанизира извор, кој токму од тие причини, сакал да остане анонимен, но покажал висока граѓанска свест и укажал на прекршување на закон, кој може да доведе во опасност многу луѓе и да го загрози јавното здравје.

Agria

Уште понесфатливо и скандалозно е такви коментари да доаѓаат од вработени во полиција, орган кој треба да го спроведува законот. Токму тоа се случува, откако веста е објавена на фан страницата на Батали.нет. Оние што треба да го спречат прекршување на закон, го поддржуваат неговото прекршување. Оние што секојдневно предупредуваат и казнуваат граѓани за неносење маска или прекршување на решение за изолација, што патем е кривично дело, сега се ставија на страната на сторителите на таквите прекршоци. Наместо со нивните коментари да бидат чувари на јавното добро, пример за почитување на протоколите пропишани за заштита на населението од ширење на вирусот, тие ја поттикнуваат јавноста на говор на омраза, на јавен линч кон новинарите и редакциите, кои се огледало на реалноста, а не нејзин креатор.

Дали непримерните зборови, пцовките и навредите кои ги упативте кон медиумот кој ја објави веста се однесуваат и на официјалниот извор кој го потврди настанот, Министерството за внатрешни работи, преку СВР Велес, каде што дел од вас се вработени, на ова прашање вие треба да одговорите.

Можеби ќе ве интересиа:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: