Високи бројки на заболени од ковид 19 во Велес

Veles most
Veles most

Ситуацијата станува алармантна со ковид 19 во Велес. Во последните 24 часе се регистрирани рекордни 53 нови позитивни случаи, а еден пациент го изгуби животот во борба со вирусот. Со тоа бројката на активни случаи во градот се искачи на 258,

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа во државава се регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19.

Agria

Најмногу во Скопје дури 390, а со висока бројка на заразени покрај Велес со 53, се и Прилеп со 55, Тетово 48, Куманово 22, Струмица 27, Кочани 25, Битола 31, Кавадарци со 24, Охрид и Гостивар со 18, Гевгелија и Пробиштип со 12, Кичево 17 и Крива Паланка 10. Струга и Виница регистрират девет нови случаи, Неготино осум, Радовиш седум, по шест има во Кратово, Свети Николе и Валандово, пет во Делчево, четири во Демир Хисар, три во Берово и Пехчево, Крушево има два нови случаи и еден во Македонски брод.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти, починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: