Караџовски: Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна да помогне

Караџовски
Караџовски

Жарко Караџовски, Претседателот на Комисијата за заразни болести, во вечерашното гостување во емисијата 360 степени прашан да ги искоментира нападите и барањето за оставка од опозицијата рече дека е скандал да се коментира дека тој е виновен за ширењето на вирусот.

Zito akcija 640x289px

„Денеска кога излегов од дома се зареков дека нема за зборувам како што ме имате слушнато да зборувам. Во Комисијата имаме 17 луѓе, елитни лица од својата бранша. Да не одговорам на партијата, скандалот е уште поголем кога дел од тие луѓе коментираат доктор Караџовски е крив за ширењето на вирусот. Кој е крив во Германија? Меркел? Во Америка Трамп? Треба сите Комисии да ги сменат? Во Македонија има голем број на заразени. Зошто? Затоа што голем дел од мерките граѓаните не ги почитуваат. Не е крив Караџовски. Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна да помогне, ќе му дадам скафандер, ако не знае друго, нека изнесува медицински отпад. Ние не сме виделе фамилија, не сме виделе одмор“, рече Караџовски.

Agria

Караџовски во интервјуто вели дека секогаш има можност мерките да се направат построги, но според препораките на СЗО, треба да се искористи се друго што ни стои на располагање.

„До моментот додека тоа не го искористиме, нема да има полициски час“, вели Караџовски за 360stepeni.mk

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: