Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани 1 797 нови случаи коронавирус, објави портпаролот на словенечката влада за ковид-19 Јелко Кацин.
Тоа е за еден помалку од претходниот ден, а учеството на позитивните тестови е намалено на 26,78 проценти, но епидемиолозите предупредуваат дека тоа не значи дека пандемијата слабее и дека трендот во последните денови е променет, бидејќи изменетиот протокол за тестирање се применува од средата на целни групи.
Ова значи дека лекарите од примарната здравствена заштита повеќе не упатуваат на тестирање на оние кои покажуваат знаци на болест и имаат поблаги симптоми, туку само на оние со потешки форми на болеста, вработени во здравствена заштита и во домови за стари лица.
Пред една недела беше воведен мал карантин во земјата. Граѓаните на Словенија имаат забрана за движење надвор од областа на матичните општини.
Можеби ќе ве интересира: