Во последните 24 часа се евидентирани 1 427 нови случаи на ковид 19. Со тоа бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14 079. Починати се 34 лица, што е најголем број на починати за едно деноноќие.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 54 087 лица заразени со коронавирус, од кои 628 починале, а вкупно 39 380 се оздравени.
Можеби ќе ве интересира: