
Владејачката СДСМ го утврди докторот Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат.
Тој во моментов е актуелен пратеник од редовите на СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.
„Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, се наведува во неговата куса биографија.
Од таму велат дека нивниот кандидат е докажан кардиохирург и врвен професионалец, и е дел од чесната понуда на партијата за предвремените локални избори.
Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, сега е назначен за за министер за транспрт и врски.
Можеби ќе ве интересира:
