Претседателот Стево Пендаровски ја ангажира војската во справување со Ковид-19

Pendarovski
Pendarovski

Претседателот на државата Стево Пендаровски кој воедно е и врховен командант на вооружените сили, врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

„Со оваа наредба, којашто стапува во сила веднаш, дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на Ковид-19“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Agria

Војската ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.

Од кабинетот на Претседателот дополнително велат дека Армијата и во минатото врз основа на истите правни основи била ангажирана во отстранување на последици од елементарни непогоди и поддршка на државните институции во мирновремени услови. 

Одлуката на Претседателот Пендаровски следува откако во вторникот Владата на седница заклучи дека ќе им треба логистичка поддршка од страна на Армијата во справувањето со ковид кризата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: