понеделник, 24 јуни, 2024
Реклама

Велешката полиција контролира стотина граѓани во самоизолација, за еден кривична пријава

Nake Culev

Во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти, откри министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Zito akcija 640x289px

Тој рече дека досега за еден граѓанин кој живее на територијата која ја покрива СВР Велес е поднесена кривична пријава за непочитување на самоизолацијата.

Agria

„Во однос на теренските контроли за тоа дали се почитуваат мерките за здравствен надзор и самоизолација, на ден 17 и 18 март поднесени се пријави против 12 лица. Две кривични пријави се во Струмица за дела по член 205 од КЗ за пренесување заразна болест и 10 се за кривични дела по член 206 од КЗ за непостапување по здравствените прописи  во услови на епидемија и се однесуваат на Велес и Битола“, рече Чулев.  

Тој не можеше да каже точна бројка на лица за кои се издадени вакви мерки за здравствен надзор и самоизолација бидејќи, како што рече, тој се менува од час во час. До почетокот на прес – конференцијата тој рече дека располагаат со податок за 365 лица под здравствен надзор и околу 1 000 за самоизолација.

Одговарајќи на новинарско прашање за изречените казни за овие лица, Чулев рече дека досега се работи само за парични казни до најмногу 2 500 евра, иако законот предвидува и затворски казни до 3 години.