Реклама

ВМРО ДПМНЕ сеуште размислува дали ќе учествува на изборите во Штип

Glasacka kutija

На ден пред крајниот рок за поднесување кандидатури за градоначалник на Штип, ВМРО ДПМНЕ без јасен став. Ќе опстои ли на барањето за одлагање на изборите или сепак до утре на полноќ ќе одреди свој кандидат. Оваа партија, поради пандемијата, јавно побара одложување на предвремените избори за градоначалник во Штип. Нивен главен аргумент е растот на бројот за заболени и хоспитализирани од корона вирус, но својата иницијатива нема и официјално да ја поднесат  до Собранието.

Zito akcija 640x289px

„Утре има нов состанок на Извршниот комитет. Одлуката зависи од многу фактори. Ќе ги разгледаме сите опции. Внимателно ќе донесеме одлука, но таа зависи и од одговорот на институциите на нашето барање“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Agria

До Ошштинската изборна комисија- Штип веќе се поднесени кандидатурите на независниот кандидат Трајче Митев, СДСМ и ТМРО, а СДСМ веќе одговори дека не размислува за одложување на изборите. Сметаат дека водат на анкетите во Штип, а барањето на ВМРО ДПМНЕ го оценуваат како страв од пораз. Од  штипската организација на СДСМ велат, изборите се распишани, нивниот кандидат кардиологот Сашко Николов е потврден и тие ќе ги почитуваат законските рокови.

„Сметаме дека изборниот ден ќе биде безбеден. Како и на изборите во Јули ќе се почитуваат сите протоколи. Ние сме подготвени и во услови на пандемија да ја почнеме кампањата во законски утврдените рокови за тоа“, вели Александар Кангалов претседател на ОО на СДСМ Штип.

Албанската опозиција исто така  предлага одложување на изборите за градоначалник во Пласница. Сметаат дека е подобро да бидат поставени вршители на должноста до редовните локални избори во октомври догодина. Но, ДУИ е против оваа идеја.

Единствен начин да се одложат предвремените избори за градоначалници е претседателот на Собранието да го смени решението со кое ги распишува, но бидејќи нема официјална иницијатива ниту политички договор извесно е дека жителите на Штип и Пласница ќе бираат градоначалнци на 13-ти декември.