Од денеска полициски час во Албанија

Соседна Aлбанија од денеска воведува полициски час за спречување на ширењето на Ковид-19. Ова следува по наглото зголемување на новозаболени лица со коронавирусот во изминатите неколку недели.

Zito akcija 640x289px

Забраната за движење ќе важи од 22:00 до 06:00 часот во наредните три недели, а право на движење ќе имаат само луѓето кои се на работа и службите за итни потреби.

Agria

Во текот на полицискиот час дозвола за работа ќе имаат и угостителските објекти кои ќе имаат можност само за достава на храна, додека за јавната администрација се воведува онлајн работа или со ротација на вработените, во зависност од спецификите на секторот.

Во Албанија во последните 24 часа од направените 2 723 тестови, а позитивни се 563 лица. Во исто време битката со Кови-19 ја загубија осум пациенти, со кои бројката на починати достигна 579 лица.

Инаку, Албанија е втората земја од соседството која се реши на рестрикции во регионот, откако минатата недела тоа го направи и Грција.

Слична рестриктивна мерка, но само во текот на изминатиот викенд, беше на сила и во Косово, каде Приштина и шест други општини беа во карантин.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: