Дичев: Причините за блокада се поврзани со амбициите на Каракачанов

Ivajlo Dicev Bugarija
Ivajlo Dicev Bugarija

Измислуваме некакви смешни причини за блокада на македонското членство заради амбициите на Каракачанов, вели Ивајло Дичев, професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија, во интервју за Радио „Фокус“, пренесува dw.com.

Zito akcija 640x289px

„Се отвори прозорец, историска шанса, а што се случува? Измислуваме некакви смешни причини за блокирање на ова членство. Смешни, бидејќи тие главно се поврзани со политичките амбиции на г-дин Каракачанов, кој гледа дека му се намалуваат гласачите, и повторно наоѓа некаква историја со која треба да стане важен, да биде во центарот на вниманието. Јас лично, како и Македонците и Европјаните, не разбирам што точно бараме од Северна Македонија“, вели Дичев.

Agria

Посочува дека Договорот за добрососедство има многу точки, но сето внимание е насочено само кон една точка – историските прашања кои треба да ги решава заедничката комисија.

 „По сите други прашања од овој договор – транспортните коридори, економската соработка, веќе и воена соработка може да имаме во рамките на НАТО, и културна и медиумска размена што е многу важно за приближување на два народа – ништо од ова не се случува! И, кој е виновен за ова? Тоа Македонците го блокираат или ние го блокираме“, прашува Дичев.

Во однос на заедничката комисија, вели дека таа наместо да добие подолго време за да работи и истражува, добила политичко значење што е доста опасно.

„Познавам неколку луѓе во оваа Комисија кои се разумни луѓе, кои вообичаено не размислуваат многу поразлично од мене, но политичкиот момент е таков што немаат што да кажат. Нема како да се спротивстават на она што го прават, затоа што во моментот станува збор за опстанок на оваа луда коалиција што управува. Ако господинот Борисов, за кого исто така мислам дека добро ги разбира работите и мисли како мене, како нормалните луѓе во Европа, ако господинот Борисов се откаже од оваа војна што сме ја повеле, од владата ќе излезат оние лажни патриоти и владата ќе падне. Моментот е таков, политички“, вели Дичев.

Производство на апсурди

Токму затоа тој не гледа начин како бугарската влада може да излезе од сегашниот ќор-сокак. Ја смета за неприродна коалицијата меѓу проевропската ГЕРБ („Граѓани за европски развој на Бугарија“) и антиевропските националисти.

„Оваа комбинација постојано произведува некои апсурди. Многу е тажно што од двете страни на границата има партии што го зедоа името ВМРО – ова минато херојско име на таа организација, и двете се борат со заби и нокти за да не разделат, за да ја утврдат таа граница меѓу нас. Тоа е апсурдот“, вели Дичев.

Извор: dw.com

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: