
Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите дека Драги Рашковски веќе не е генерален секретар на Владата. Тој си поднел оставка од функцијата пред месец и половина, а кој ќе го замени сè уште не е одлучено.
„Драги Рашковски пред месец и половина си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар на Владата, сè уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски“, изјави денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за доделување финансиската поддршка на 400 компании од третиот пакет на економски мерки, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека има работи за кои никаде во светот не се преговара.
Рашковски беше избран за генерален секретар на Владата во јуни 2017 година.
Moжеби ќе ве интересира:
