Фудбалската репрезентација на Македонија го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство.
Во финалниот натпревар од Лига Д на Лигата на нации,вечерва Македонија во Тбилиси ја совлада Грузија со 0-1, а нашиот капитенот Горан Пандев го постигна најважниот гол во неговата кариера
На крајот од дуелот селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев се најдоа во воздух, во рацете на репрезентативните играчи, кои им оддадоа признанија на двајцата за патот на кој не поведоа до најголемиот фудбалски настан на Стариот континент.
Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Холандија и Украина.
Moжеби ќе ве интересира: