Во рамките на третото коло од Првата футсал лига на Македонија, велешкиот тим на Кеги Моби денеска во 19 часот, во салата „Гемиџии“ ја пречекува екипата на Карадаку од Липково. Од таборот на велешани велат дека за нив првенството започнува сега, бидејќи наптреварите од првите две кола ги одиграле без ниту еден тренинг во сала.
Оттаму објаснуваат дека од за нив неразбирливи причини не им било дозволено да тренираат во салата „Гемиџии“, иако сите други клубови од екипните спортови имале дозвола за тоа од локалната самоуправа.
Затоа во првото коло Кеги Моби загуби дома од Арбен Бајрами со убедливи 5:0, а во второто во Штип и покрај се, успеа да одигра 2:2 против Мал Ајакс, кој спаси бод со гол во последната секунда од натпреварот.
На денешниот натпревар екипата на велешкиот прволигаш е комплетна и веќе една недела во тренажен процес, па очекуваат добар меч и победа против денешниот противник.
Натпреварот почнува во 19 часот, а директен пренос ќе може да се следи на фан страницата на КМФ Кеги Моби на овој линк.
Можеби ќе ве интересира: