Реклама

(ВИДЕО) Салиу: Одете во *****. Јас ќе уживам во овој историски момент и ќе се радувам и за Пандев и за Ристевски и за Барди и за Бејтулаи

Новинарот Фуркан Салиу на својот фејсбук профил објави за немил настан, кој го доживеал синоќа на улиците на Скопје, додека се обидувал да ја пренесе еуфоричната атмосфера после победата на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и пласманот на европското првенство. Во продолжение ви го пренесуваме итегралниот текст и видеото кое го објави.

Zito akcija 640x289px

„Возбуден, среќен после победата, зимам камерата, линкот, и на терен за да таа атмосфера ја почувствувате и вие дома преку камерата на мојот медиум… Да уживате и вие што сте во изолација, или па лежите во болнички кревет, борејќи со овој вирус кој што не дозволува ниту една друга позитивна вест да добие внимание.

Agria

Мојата среќа, славење завршија за 10 минути! Дојде млад дечко со два тројца другари и почна да вика на цел глас: ЕВЕ ГО ШИТПАРСКИОТ ШПИОН, ГО ПРАТИЛЕ ДА НЕ СНИМА
Гасам камерата, се вратив во канцеларија, изнервиран, разочаран… Зошто мора се да усереме!
Толку разочаран што почнав да ги оправдувам тие граѓани на оваа држава што не сакаат да успееме во било кое поле! Зошто не знаеме ни како да се радуваме на СПОРТСКИ успех?
Но отпосле ми помина нервозата, и си мислам… Па тоа ваквите хулигани го сакаат!
Сакаат да го испрлаат и спортот! Они не сакаат спорт! Они не гледаат, заслепени се од омразата!
Толку заслепени што не можеа да видат што можат да направата заедно на терен Велковски, Муслиу и Елмас!
ОДЕТЕ ВО …. ЈАС ЌЕ УЖИВАМ ВО ОВОЈ ИСТОРИСКИ МОМЕНТ, И ЌЕ СЕ РАДУВАМ И ЗА ПАНДЕВ, И ЗА РИСТЕВСКИ, И ЗА БАРДИ, И ЗА БЕЈТУЛАИ

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15499/eve-kade-mozhete-da-go-prosledite-futsal-natprevarot-kegi-mobi-karadaku/