Во рамките на третото коло од Првата футсал лига на Македонија, велешкиот тим на Кеги Моби ја запиша првата првенствена победа, кога вечерва, во салата „Гемиџии“ во Велес, ја совлада екипата на Карадаку од Липково со 3:1.
Велешани во текот на целиот натпревар доминираа и на крајот заслужено ги освоија трите бода. Гостинот единствено се загани, кога успеа да намали на 2:1, но футсал играчите на Кеги Моби со сигурна игра до крај не дозволија изедначување. Напротив, постигнаа уште еден гол, за конечни 3:1.
По третото коло Кеги Моби има по една победа, реми и пораз.
Погледнете ги головите од средбата Кеги Моби – Карадаку:
Можеби ќе ве интересира: