Институот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти во изминатото деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа 30 лица

Veles crkva
Veles crkva

Триесет и двајца велешани се позитивни на коронавирусот помеѓу 1160 нови случаи во изминатите 24 часа од направени 2864 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 472-Куманово 58-Дебар 2-Штип 43-Прилеп 78-Тетово 61-Струга 29Велес 32-Битола 87-Охрид 47-Кавадарци 32-Гостивар 22-Гевгелија 1-Струмица 39-Крива Паланка 6-Радовиш 2-Крушево 2-Кочани 15-Пробиштип 10-Демир Хисар 10-Македонски Брод 10-Пехчево 1-Берово 9-Валандово 5-Виница 2-Делчево 12-Кратово 2-Свети Николе 17-Кичево 26-Ресен 17-Неготино 11.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрира и 1094 оздравени пациенти од:

Скопје 560-Куманово 55-Дебар 5-Штип 32-Прилеп 59-Тетово 51-Струга 22-Велес 35-Битола 47-Охрид 38-Кавадарци 31-Гостивар 26-Гевгелија 5-Струмица 17-Крива Паланка 11-Радовиш 13-Крушево 3-Кочани 18-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Берово 3-Валандово 3-Виница 6-Делчево 5-Кратово 1-Свети Николе 8 -Кичево 16-Ресен 4-Неготино 18.

Во Македонија досега се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19, а бројката на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: