Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок треба да се појави премиерот Зоран Заев.
На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Во овој предмет обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Можеби ќе ве интересира: