Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Ренова и Борец

Aleksandar Stavrev Sudija fudbal
Aleksandar Stavrev Sudija fudbal

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига овој викенд.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот во Тетово помеѓу Ренова и Борец ќе го суди нашиот интернационален судија Александар Ставрев, а помошници ќе му бидат Костадинов Дејан и Петрески Гоце, двајцата од Скопје.

Agria

Нтпреварот во Тетово ќе се одигра во недела 29.11.2020 година, со почеток од 13 часот.

Во сабота на натпреварот помеѓу Вардар и Академија Пандев, главен судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев. Останатите натпревари се играат во недела од 13 часот и се среќаваат Македонија Ѓорче Петров – Шкупи, а главен судија ќе биде Маријан Марковски.

Пелистер и Силекс ќе играат во Битола, на центарот ќе стои Марјан Гоцевски, додека во Струмица, на мечот Беласица –  Работнички ќе суди Јосип Бартон, а на мечот Струга Трим Љум – Шкендија главен арбитар ќе биде Игор Стојчевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: