Реклама

Ренова со нов тренер ќе го пречека Борец

Ренова после три години повторно го врати Ќатип Османи на тренерската клупа. Османи во 2017 година, по пет години на клупата на „гипсарите“, замина во Шкендија каде успева да ја врати титулата во Тетово, потоа освојува уште една, пред да замине во Шкупи кој го предводеше кратко.

Zito akcija 640x289px

Османи доаѓа за да ги извлече „гипсарите“ од дното, откако Ренова после европскиот настап западна во длабока криза и со само осум бодови е претпоследна и тоа само поради подобрата гол-разлика од фенерџијата Беласица.

Agria

Тој доаѓа на местото на Бујар Ислами, кој даде оставка по поразот од Струга Трим Лум во првенството во неделата од 1:0. Потоа „гипсарите“ испаднаа и од Купот на Македонија од истиот противник, со истиот резултат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16049/aleksandar-stavrev-ke-ja-deli-pravdata-na-natprevarot-pomegu-renova-i-borecz/